Во јануари земјава ја посетиле 49.021 туристи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари годинава земјава ја посетиле 49.021 туристи кои оствариле 102.691 ноќевање.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во однос на минатогодишниот јануари е намален за 0,7 отсто, а бројот на ноќевањата за 4,3 проценти. При тоа, бројот на домашни туристи е зголемен за 2,6  отсто, а бројот на странските туристи е намален за 2,7 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи, пак, е зголемен за еден отсто, додека бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 8,4 проценти.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе