Статистика

Во јануари и февруари пад на извозот и пораст на увозот

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – февруари годинава изнесува 1.075.052.000 долари и бележи пад од еден отсто во однос на истиот период лани. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1.416.730.000 долари, што е за 1,3 проценти повеќе во споредба со првите два месеца лани. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари годинава, изнесува 341.678.000 долари.

Според податоците на Државниот завод, покриеноста на увозот со извоз е 75,8 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта и моторни возила за превоз на 10 или повеќе лица.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, другите метали од платинската група и нивни легури и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во првите два месеца од годинава најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе