Во ИКТ индустријата вработени 13 илјади лица

Претставници на бизнис заедницата од Битола посочуваат дека континуирана е потребата од човечки ресурси во ИКТ индустријата, а недостигот од работна сила може да се дополни со конкретни мерки.

Според Билјана Прличкова, оперативен директор на МАСИТ, Стопанска комора за ИКТ, потенцијалните предлози и решенија од бизнис заедницата ќе бидат проследени до надлежните институции за да придонесат за развојот на ИКТ во заедницата.

„Овој сектор е значаен за компаниите, но и за младите кои треба што повеќе да навлегуваат во ИКТ индустријата и да остануваат да работат во нашата држава. Растот на ИКТ секторот е значителен и видлив, ИКТ индустријата е извозно ориентирана и обезбедува девизен прилив, но проблем е тоа што има недостиг на квалитетни кадри и исто така е видлив трендот на иселување на квалитетните кадри од државата. Ние сакаме да расте бројот на вработени во македонските компании“, посочи Прличкова.

На денешниот Форум во Битола беше соопштено дека во 2018 година во Македонија, во околу 2.000 компании од овој сектор биле вработени се околу 13.000 лица.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе