Државна лотарија

Во Делчево изгребан Дијамант вреден 300.000 денари

Денескa на благајната на Државнаta лотарија на Македонија исплатена е добивка од 300.000 денари – една од седумте премии на инстант лозот Дијамант.

Миле Георгиевски од Делчево во саботата откако ја земал сопругата од работа, седнале да се во најпознатата слаткарница во Делчево. Во близина, на продажното место ВЕРА НБ, купиле четири инстант лозови Дијамант. На еден од лозовите немало добивка, два носеле по 50 денари, а токму лозот на Миле Георгиевски им донел 300.000 денари.

Радоста од добивката ја споделиле со нивната ќерка во Америка и се договориле дека парите ќе ги искористат при нејзиното скоро доаѓање за убава заедничка прошетка. Среќниот добитник ни довери дека до сега повремено купувал лозови, на минување, но дека од сега ќе биде редовен во потрагата по нови добивки, бидејќи и самиот се уверил дека кој игра, тој добива.

Инстант лозот Дијамант нуди интересна игра и забава во потрага по добивки од 50 до 300.000 денари. Добивките се дознаваат со откривање на симболи од кои кога ќе се открие прстен се добива сумата запишана во полето покрај него, а кога ќе се открие дијамант, сумата напишана покрај дијамантот се удвојува.

Празниците се во ек, ова е време за дарување, па ви предлагаме да подарите можност за добивка и во вашите празнични подароци да додадете инстант лозови со можности за вредни парични добивки или атрактивен Џип Компас.

Кој беше против осудата на комунизмот. За работите да станат појасни.

повеќе

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе