Во Чешиново-Облешево се селектира пластичниот отпад во земјоделството

Општина Чешиново-Облешево е прва во Источниот плански регион во која почнува селектирањето и собирањето на пластичниот отпад од земјоделството.

Во рамки на проектот „Селектирај пластичен отпад од земјоделството и дај свој придонес за борба против климатските промени“ што го спроведува Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко тим исток“ од Кочани, реализирани се средби со земјоделските производители на кои е укажано на штетното влијание на пластичниот отпад од земјоделството.

На инфосредбите е објаснет системот за собирање и правилно постапување со пластичниот отпад од земјоделството што беше интегриран во изминатиот период со поставување на соодветни садови за селекција на пет локации во општината.

„Земјоделците дадоа целосна поддршка и подготвеност за проектот, при што се согласија дека пластичниот отпад од земјоделството е сериозен и долгогодишен проблем, а со поставувањето на специјализираните контејнери може да се реши, односно амабалажата и најлонот да завршат на соодветно место. Притоа беше побарано да се постават уште наменски садови за собирање за да можат што поголем број жители на општината да ги користат и да учествуваат во грижата за животната средина“, истакна Ирена Мирчовска, координаторка на проектот.

За само еден месец од поставувањето на садовите за селекција, проектниот партнер „Екопроект-Ко“ од Кочани подигнал 57 килограми пластична амбалажа од земјоделски препарати и 120 килограми најлон.

Проектот во Чешиново-Облешево е дел од подгрантовата програма на проектот „Да зборуваме за климатските промени“ што го имплементираат Еко-свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, а е финансиран од Европската Унија. 

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе