Во Белград договорени „вински патишта и оази“ во Македонија, Србија и Албанија

Министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ и министерката за животна средина и туризам на Албанија, Мирела Кумбаро денеска во Белград во рамки на Иницијативата Отворен Балкан, потпишаа заедничка изјава за реализација на проект „Вински патишта на Отворен Балкан" со која ќе работат на зголемување на туристичката понуда во винската индустрија.

Од Владата информираат дека на средбата било договорено да се развие проектот „Вински патишта на Отворен Балкан", кој ќе ги опфати: винските патишта на Македонија, Албанија и вински оази (посебни винарски визби кои не се наоѓаат на винските патишта); како и развој на туристичка сообраќајна сигнализација и дигитална платформа која ќе содржи податоци за сите точки на интерес вклучувајќи ги и податоците за геолокација.

Проектот „Вински патишта и вински оази" ќе се развива во согласност со законските регулативи и стандарди на ЕУ. Во овој проект ќе бидат претставени винарии, винарски визби, здруженија на винари и лозари, тематски музеи, продавници за вино и вински центри.

Бектеши, Матиќ и Кумбаро се договорија да одржуваат континуирана комуникација и размена на информации во врска со спроведувањето на проектот „Отворени балкански летни рути", велат од Владата.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе