Во „Аџибадем Систина“ операција на срце кај двегодишно дете

Операција на вродена срцева мана кај дете со мининална инвазивна техника се изведе за првпат на одделот за детска кардиохирургија при Клиничката болница „Аџибадем Систина". Станува збор за двегодишно дете кое е оперирано со страничен пристап до срцето, нешто што досега ретко се применува и на Балканот.

Операцијата ја изведе кардиохируршкиот тим од болницата, а детето брзо заздравува. Со интервенциите при кои се употребува минимално инвазивна техника и ваков пристап, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ уште еднаш докажува дека е на врвот, на патот да биде центар  за лекување на деца со срцеви проблеми, единствен на Балканот.

Интервенцијата инаку е изведена кај  дете кое има само 13 килограми со дијагноза атријален септален дефект.

„Станува збор за пристап кој за првпат се применува во нашата болница, но можеби и за првпат во нашата држава кога станува збор за интервенција кај двегодишно дете. Особено ни е драго што навистина применуваме техники и методи кои се користат во најразвиените болници во светот. Ова е само доказ дека нашиот тим  работи одлично“, вели Владимир Чадиковски детски кардиохируг.

Детето беше пуштено на домашно лекување по четири дена. Интервенцијата е доказ дека тимскиот и мултидисциплинарен пристап на двата тима од Македонија и од Турција во третирање на децата со вродени срцеви аномалии сѐ повеќе вродува со плод. 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе