Во „Аџибадем Систина“ кардиохируршки интервенции на деца покриени од Фондот за здравство

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина" почнаа да се вршат кардиохируршки интервенции на деца (на возраст до 18 години) со кардиоваскуларни болести кои се покриени од Фондот за здравствено осигурување.

Од болницата соопштија дека можноста за тие интервенции произлегува од анексот на Договорот за извршување и плаќање здравствени услуги во областа на кардиоваскуларна хирургија на осигурени лица, што го потпишале со Фондот.

Овие интервенции, информираа од болницата, ги извршува искусен тим од доктори предводен од д-р Владимир Чадиковски, кој е единствениот лиценциран детски кардиохирург во земјава, заедно со доктори од „Аџибадем“ од Турција кои зад себе имаат повеќе од 15.000 интервенции.

Станува збор за тим од десетмина доктори кардиохирурзи, кардиолози, интернисти, анестезиолози, перфузионисти и педијатри за кардиолошки интервенции кај деца, кои се едни од најдобрите во регионот. Предност е што искусниот тим на доктори кои доаѓаат од Турција ќе бидат достапни секоја недела во земјава и ќе бидат вклучени во третман на кардиолошки заболувања кај деца. Целта е во следниот период „Аџибадем Систина” да стане референтен центар за третман на вродени срцеви заболувања кај деца не само во државава, туку и на Балканот, посочија од болницата. 

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе