ВМРО-ДПМНЕ: Заев наредува, Ангеловска спроведува ново задолжување

Новата министерка за финансии, Нина Ангеловска во вторник ќе потпише ново задолжување, по нарачка на Зоран Заев овојпат во висина од нови најмалку 61,7 милиони евра. Со тоа Ангеловска ќе ја преземе улогата на спроведувач на погубните економски политики на Заев со кои државата забрзано се задолжува, а притоа нема никаков ефект врз стандардот на граѓаните, нема ефект врз економијата и стопанството кои се повеќе од ден на ден пропаѓаат, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа нова аукција на државни хартии од вредност во износ од најмалку 61,7 милиони евра доаѓа во време кога реализацијата на капиталните инвестиции изнесува рекордно ниски 24,5% заклучно со месец јули, кога износот на странски директни инвестиции за 6 месеци е мизерни 48,7 милиони евра, кога бројот на вработени во индустријата драстично опаѓа и кога над 500 илјади граѓани живеат на прагот на сиромаштијата,кога германските стопанственици не оценуваат со оценка нула“, изјави партискиот портпарол, Димче Арсовски.

На прес-конференција тој праша за што се трошат овие пари и додаде дека јавниот долг надминал 5 милијарди евра и драматично руши рекорди односно ја руши границата од  над 50% од БДП, а Владата не престанува да ги задолжува идните генерации без јасна стратегија и без јасен план што потоа.

„Министерката Ангеловска и Заев треба да сфатат дека народните пари не се купони за попуст со кој може да купат еднодневен социјален мир или начин како да се искупат за криминалот во кој од ден на ден оваа Влада сѐ повеќе и повеќе навлегува. Ненародното трошење на парите од типот купи ден помини нема да донесе никаков развој на Македонија или пак да донесе одржлив раст на стандардот на граѓанинот, туку ќе донесе единствено ќар за тесното раководство на СДСМ чии фирми цветаат во време кога севкупната економија пропаѓа во државата.

Со ваквото недомаќинско работење сме на дното во Европа по раст и затоа граѓаните не гледаат перспектива во Република Македонија“, рече Арсовски.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе