ВМРО-ДПМНЕ: Заемот земен за ЕЛЕМ ќе удри врз џебот на граѓаните

Наместо инвестиции во енергетика, изминативе неколку години власта го опустоши електро - енергетскиот систем во Македонија, па сега во време на кризи мора да се задолжува за да има за плати за работниците и ликвидност на претпријатието, реагира ВМРО-ДПМНЕ и нагласува дека Електрани на Македонија се со нов долг кон ЕБОР од 100 милиони евра, како што оценува партијата, за покривање на криминалот пто „оваа неспособна и криминална власт на СДСМ и ДУИ го прави во ЕЛЕМ“.

Пред само неколку месеци ЕЛЕМ доби над 175 милиони евра од страна на Владата кои сега не им се доволни, бидејќи тие пари завршија во џебовите на функционерите на СДСМ и ДУИ, смета ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е последица и на огромната плачка која ја направи Ковачевски и фамилијата Заеви во РЕК Битола, преку криминалните тендери, за кои граѓаните беа сведоци. Овие заеми од страна на Електрани на Македонија директно ќе удрат по џебот на граѓаните. Веќе криминалната влада најавува нова, повисока цена на електричната енергија, а со овие нови задолжувања тоа покачување може да биде и драстично поголемо. Неодговорното и расипничко владеење на владата на СДСМ и ДУИ го чувствуваат граѓаните на свој грб. Криминалот на владата на Ковачевски мора да биде казнет“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе