ВМРО-ДПМНЕ тврди дека банкротирана фирма Дура инвестира во Македонија, Владата демантира

И тоа дочекавме. Заев се фали со странска компанија која банкротирала пред еден месец. Зоран Заев и Кочо Анѓушев промовираат инвестиции на компанијата Дура аутомотив системс за која реномираниот Вол стрит журнал на почетокот на ноември пишуваше дека веќе банкротирала, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешните владини најави за нова странска инвестиција во земјава. Од Владата ги демантираат овие тврдења на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали Зоран Заев и Анѓушев свесно во пресрет на изборите ги лажат граѓаните дека донеле инвестиција на компанија која и самата има сериозни финансиски проблеми и е во банкрот? Ако е така, тогаш ова е уште една лага на Заев како и лагите со кои три години ги убедува граѓаните дека само што не дошле странски инвеститори и само што не почнал економскиот бум во Македонија.

Владата на Заев имаше три години да донесе инвестиции во Македонија, а притоа да почнат самите со разговори, па да дојде до старт на производство. Резултатите од нивното работење се поразителни. Од почетокот на годината заклучно со средината на годината, нивото на странски инвестиции е 48,7 милиони евра. Ова е убедливо најмалку во целиот регион. Во месеците мај, јуни дури имаме и одлив, имаме негативно салдо на странските директни инвестиции. Граѓаните сѐ уште ги очекуваат инвестициите на Фолксваген, Фејсбук, Гугл, САНОС кои ги најави Заев“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

На ова реагираше и службата за информирање на Владата. Оттаму велат дека ВМРО-ДПМНЕ ја лаже јавноста, дека компанијата Дура е веќе оперативна и ќе има илјада вработени.

„Не се точни и целосно се манипулативни изнесените информации од страна на ВМРО-ДПМНЕ во кои се вели дека Дура била банкротирана компанија. Дура е компанија гигант која своите операции во Северна Македонија ги извршува преку британска холдинг подружница и во земјава веќе има оперативна фабрика во која ќе бидат ангажирани 1.000 вработени. За повеќе информации и факти јавноста ќе биде информирана и директно од компанијата Дура.

Владата апелира до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи економските политики кои вработуваат македонски граѓани и да не штети на имиџот на инвеститорите преку ширење дезинформации“, се вели во реакцијата на Владата.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе