Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ создаваше проблеми, нашите градоначалници ги решаваат проблемите на граѓаните

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ работат и ги решаваат проблемите на граѓаните, СДСМ создаваше проблеми. За неполн месец колку што се градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на чело на општините се откочија голем број на проекти и работи кои СДСМ не можеа да ги реализираат цел мандат. Четири години додека беа тие ништо не се работеше и тоа е факт кој граѓаните го гледаа, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на сопштението на СДСМ.

„Наместо на капитални инвестиции се трошеа пари за непродуктивни набавки. Нема повеќе клупи од 300 и 500 евра во Аеродром како што имаше со СДСМ, ниту возила се плаќаат двојно поскапо како што плаќаше Шилегов.  Во Кисела Вода, Бутел и Ѓорче Перров градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ една недела го чистеа ѓубрето кое тие од СДСМ претходно го оставиле. Во Гази Баба и Илинден се работи забрзано. Градоначалникот на Штип и Охрид исто така работат и прават проекти за своите средини. Секој еден градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е на терен со народот. Ги слуша и ги решава нивните проблеми. Посветеноста и проектите се наша одлика и граѓаните ќе сведочат за разликата со СДСМ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе