Партиско соопштение

ВМРО-ДПМНЕ предлага решение за намалување на цените на горивата

Со предлог закон ќе побараме намалување на акцизите за горивата за моторни возила за 50%, реагира ВМРО-ДПМНЕ на последното почакување на цените на нафтените деривата. „Оваа мерка ќе влијае директно на намалување на цената на горивата, бензинот веднаш ќе се намали за 13 денари, а дизелот за 9,5 денари“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се вели дека за време на владата на „заевизмот“ драстично се зголемија цените на горивата, а причината за тоа се воведените акцизи и такси.

Пред година и половина литар дизел гориво чинеше 46 денари, а денес литар дизел надминува 75 денари со тенденција уште да расте. Дополнително, цената на литар бензин изнесуваше 50 денари, а сега цената надмина 84 денари. Овој раст на цените е од 65 до 70%. Практично со ваквиот раст на цените на горивата се удира директно по буџетот на граѓаните, но и на економијата. Цените на горивата кои се клучни за стандардот, растат, а на власта администрирана од Ковачевски око не ѝ трепнува“, велат од партијата и додаваат нудат конкретен предлог:

„Со предлог закон ќе побараме намалување на акцизите за горивата за моторни возила за 50%. Оваа мерка ќе влијае директно на намалување на цената на горивата, бензинот веднаш ќе се намали за 13 денари, а дизелот за 9,5 денари. Ова не значи само заштеда на семејствата, ова е заштеда и во транспортот во стопанството и тоа може да ги поевтини цените на конечните производи“.

Очекуваме владата на СДСМ и ДУИ да го прифатат овој предлог во пресрет на кризата која доаѓа зашто овие тешки времиња бараат одлучни чекори, а не беспредметни „вонредни" видео обраќања, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе