ВМРО-ДПМНЕ обвинува: СДСМ ја уништи македонската енергетика

ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција излезе со обвинување дека не постои сегмент во енергетиката кој СДСМ не го уништи, и ја повика владејачката партија да престане да ја лаже македонската јавност дека имаме доволно сопствено производство на електрична енергија.

„Вонредно ја зголемија цената на струјата за 9,5%. Ја укинаа дневната евтина тарифа за домаќинствата. Компаниите кои набавуваат струја на слободниот пазар каде струјата е 5 до 6 пати поскапа се оставени сами на себе.

Го поскапеа парното за 14%. А, во најголем дел од градот или воопшто не греат или пак не се постигнува доволно загревање. Компаниите кои го користат природниот гас како енергенс, поради енормниот пораст на цената на гасот, имаат огромни финансиски проблеми. Поскапе и метанот за 120%, што доведува до тешкотии во работењето на ЈСП во Скопје, чии автобуси користат метан“, изјави Стевче Антовски, член на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој уште додаде дека АД ЕЛЕМ не е во состојба да ги исполни своите законски обврски кон ЕВН ХОМЕ за што ќе се потрошат повеќе од 200 милиони евра пари од Буџетот за увоз на електрична енергија.

„Наместо увоз на скапа струја, требаше да се погрижат за нашите рудници и да отворат нови со кои ќе имаме сопствен јаглен, требаше да отвораат нови инвестиции и нови работни места, за да имавме сега струја со ниска цена од сопствен јаглен.

Едно можеме да кажеме со сигурност. Со ваква власт се уништува енергетиката во Македонија во секој сегмент. Зошто Владата одбира да помогне само на ЕСМ, а не на сите оние кои имаат проблеми со зголемување на цените на сите енергенси?“, рече Антовски.

 

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе