ВМРО-ДПМНЕ: Нов блок во РЕК не работи, поправката ќе трае повеќе од година

Нов блок во РЕК не работи, за народот нема парно зашто за власта има тендери и криминал, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

„Блок 3 на РЕК Битола, повторно е надвор од функција, повторно трансформаторот не работи. Станува збор за истиот трансформатор којшто се запали во ноември, а беше наводно минат низ процес на ремонт. Сега пред неколку дена истиот трансформатор го исфрла цел Блок 3 на РЕК Битола од употреба. Поправката на овој трансформатор од технички аспект е многу дискутабилна. Со техниката не се игра и истата не трпи импровизации. Веднаш после синхронизација на блокот се активирала заштитата на блок трансформаторот и Блок 3 е повторно надвор од погон. Првите контроли и надзор од стручните лица укажуваат на внатрешен дефект на трансформаторот. Негова поправка во вакви случаи трае повеќе од една година“, изјави Стевче Антовски, член на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Како што кажа, тоа значи дека Блок 3 во РЕК Битола најмалку една година ќе биде надвор од употреба. А, тоа пак значи дека ТЕЦ Неготино ќе произведува струја за 170 евра за MWh, а ќе ја продава за 41 евро по MWh на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ уште долго време.

Ова, според Антовски, значи дополнително загадување на животната средина за подолг временски период, дополнително загадување на воздухот, дополнително нарушување на здравјето на граѓаните на државата.

„Повеќе од јасно е дека СДСМ ја уништува енергетиката во Македонија“, рече тој и повика итно да замине сето раководство во енергетскиот сектор.

 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе