Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ три години ѝ требаше да се исплатат субвенциите за јаболка

СДСМ со праќање на вакви празни соопштенија само продолжува да ја потценува маката и трудот на земјоделците. СДСМ и Зоран Заев се вистинска катастрофа во земјоделието. Скоро три години им требаше на СДСМ за да исплатат субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Колку години ќе им треба на СДСМ и Зоран Заев за да разберат дека треба да ги решаваат проблемите на земјоделците, а не да се фалат со ваква популистичка работа? За тоа колку е катастрофа во земјоделието говори и фактот дека земјоделците се соочуваат со ниски откупни цени, влошен пласман, намалени субвенции и тотална негрижа.

Власта на СДСМ  е научена само да ги потценува и омаловажува граѓаните. СДСМ најдобро што може да сработи е да спроведат некој криминален тендер со милионски суми на провизии, рекетирање на бизнисмени, закани и уцени.

Затоа потребно е оваа криминална банда веднаш да си замине. За доброто на граѓаните и државата потребно е итно распуштање на парламентот и распишување на предвремени парламентарни избори“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе