Влезот во НАТО отвора голема перспектива за македонската економија, сметаат во Стопанската комора

Стопанската комора на Македонија го поздравува влезот на земјава во НАТО и оценува дека со овој чин е остварена нашата повеќедецениска стратешка цел со која, освен од безбедносен, ни се отвораат големи перспективи и од економски аспект.

Зоран Јовановски

„Нашата земја и формално стана членка на НАТО. Тоа е голем ден за македонската држава и важен момент во нашата историја. Остварена е повеќедецениската стратешка цел за која низ годините анкетите постојано покажуваа многу висока поддршка од граѓаните. Влезот во НАТО е значајна придобивка за една земја. Придобивката е уште поголема кога земјата е мала и има многу ограничени ресурси за самостојно развивање на капацитетите на одбраната. Притоа, стабилизирањето на безбедносната ситуација на земјата создава услови и за поширок развој на самото општество, демократијата. Но, влезот во НАТО отвора и значајни перспективи на економски план. Во моментов сите сме преокупирани со коронавирус кризата, но таа во еден момент ќе помине и тогаш ќе почнат да се материјализираат придобивките и за македонската економија“, вели во видео-изјавата главниот советник на Управниот одбор на Стопанската комора, Зоран Јовановски, посочувајќи ги пред се инвестициите.

Според него, за земја како нашата, која е мала и не е богата, отстранувањето на безбедносниот ризик е важна работа. Тоа ќе овозможи да се зацврсти перцепцијата за македонската економија како атрактивна дестинација за нови странски директни инвестиции и за поголеми домашни инвестиции.

„За цената на позајмувањето. Со перцепцијата за намален ризик на земјата, барем во делот на безбедносниот ризик, ако се друго е непроменето, се намалува и цената по која земјата позајмува на меѓународните пазари на капитал. Ова значи можност за обезбедување поевтино финансирање на капиталните инвестиции на државата во иднина. За можностите за извоз, пак, влезот во НАТО значи и можност за македонските компании да продадат свои производи за задоволување на дел од потребите на НАТО. За своите набавки НАТО има посебен интернет сајт. Таму стои дека компаниите што сакаат да бидат добавувачи на НАТО мора да се основани во земји членки на НАТО. Македонските компании сега веќе влегуваат во оваа група и за нив ќе се отворат нови перспективи во иднина“, вели Јовановски.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе