Влада

Владата утре ќе го соопшти четвртиот пакет мерки, поддршка за плати за последниот квартал од годината

По вчерашната средба со претставниците на стопанските комори, владиниот економски тим денеска ќе има средби со претставници на синдикатите и работодавачите, по што утре по владината седница се очекува да бидат соопппштени четвртиот пакет мерки за економска помош поради кризата предизвикана од пандемијата.

Предвидено е четвртиот пакет мерки да вреди вкупно 350 милиони евра, од кои 264 милиони евра ќе бидат од Буџетот на државата, а околу 85 милиони ќе се позајмат од поволни дополнителни кредитни линии.

„Пакетот 4, кој треба да биде усвоен од Владата на седницата во недела, на 27 септември, опфаќа поддршка за исплата на плати за последниот квартал од годината, платежни картички за неколку категории граѓани, грантови за најпогодените сектори, широк спектар за ослободување или олеснување за повеќе давачки за компаниите, намалување на ДДВ во повеќе услужни и други дејности, како и други мерки“, соопштија од Владата.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе