Владата подготвува терен за приватизација на Македонска Пошта

Владата на синоќешната седница го утврдила новиот текст на Законот за изменување на Законот за поштенските услуги, со што најави дека се подготвува теренот за продажба на Македонска Пошта, откако истата почна да тоне во загуби.

Според најавите, ќе се прави физибилити студија за да се види кои се можностите за друштвото, но во игра е целосна продажба односно приватизација или преземање на компанијата со јавно приватно партнерство.

За сиот процес биле задолжени вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Национални пошти Ејуп Ристеми. Тие, како што соопштија од Владата, „треба да иницираат подготовка на физибилити студија за можностите за отпочнување на постапка за преземање на компанијата со јавно приватно партнерство или со приватизација за да продолжи процесот на либерализација на поштенските услуги во земјата согласно регулативата на ЕУ“.

Премиерот Зоран Заев денеска во одговор на новинарско прашање изјави дека Национални пошти не се единствени за кои се бара приватен партнер, туку и за неколку други јавни претпријатија во државна сопственост.

„Многу институции самите се за јавно-приватно партнерство, бидејќи не можат да се борат со отворените пазари. Такви примери има многу во Словенија, Австрија, Полска, Германија итн. Тоа е потребно за да имаме квалитетен поштенски сообраќај. Истото може да се случи со ТЕЦ Неготино, Македонски Железници, Еурокомпозит, Колска Велес. Тоа ќе биде една од преокупациите на Владата во следниот период“, рече Заев.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе