Владата незадоволна од работата на „Водостопанство“ бара разрешување на директорот

Во државното претпријатие „Водостопанство“ вработените не примиле плата четири месеци, а од друга страна бил зголемен надоместокот на членовите на Управниот одбор. Синоќа во владиното соопштение е наведено дека е задолжен Управниот одбор да го раскине менаџерскиот договор со директорот Локман Љимани, да се намалат надоместоците и да се ревидираат платите. Вчера претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Дарко Димовски алармираше дека вработените не примаат плата и дека е можно да поднесе предлог за стечајна постапка.

Откако првиот човек на ССМ ја информираше јавноста за состојбите во државното претпријатие, синоќа на владина седница било отворено ова прашање.

Владата потоа соопшшти дека ја разгледала информацијата пристигната од ова државно претпријатие во кое бил содржан план за активности за зголемување на приходите за 10 проценти и за намалување на расходите за 20 проценти. Поточно, пред извесно време Владата побарала од  „Водостопанство“ појаснување околу утврдувањето на зголемувањето на надоместокот на услугите и тогаш упатила барање за ревидирање на платите во претпријатието.

Владата синоќа донела заклучок со кој го задолжила Управниот одбор да го раскине менаџерскиот договор со директорот и во иднина сите нови договори да се склучуваат со претходна согласност со Министерството за финансии.

„Надоместоците за членовите на Управниот одбор во наредните 12 месеци да се намалат за 50 проценти. Во насока на намалување на расходите, Владата го задолжи АД 'Водостопанство' да ги намали капиталните инвестиции во износ од 100 милиони денари со што се намалува финансискиот план за износот кој што е предложен од нивна страна“, се вели во соопштението во кое не е наведен проблемот со неисплатените плати за четири месеци за вработените, нешто на што алармираше претседателот на ССМ.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе