Владата нема да дава мислење за законот за пазари

Владата на денешната седница донела одлука да не дава мислење за Предлог-законот за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари, бидејќи веќе е донесена одлука со која се предвидува пролонгирање на рокот за влегување на сила на законот за јануари 2020 година.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата веќе има формирано работна група за подготвување  нов предлог Законот за трговија на зелени пазари во која членуваат и претставници на здружението на трговците на зелени пазари и постои цврста политичка определба дека конечното решение ќе биде и во интерес на нивна заштита.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе