Владата неделава ќе го утврдува Буџетот за 2020, неофицијално тој ќе биде 4,4 милијарди евра

Владата неделава треба да го утврди буџетот за наредната година, а за што расправата ја отвори на седница минатата недела.

Според досегашните информации, се предлага растот на економијата следната година да изнесува 3,8 отсто, а буџетскиот дефицит да биде 2,3 отсто.

Во фокусот на буџетот следната година, како што соопшти викендов министерката за финансии Нина Ангеловска ќе биде вложувањето во човечкиот капитал.

Расправата по буџетот што го подготви Министерството за финансии Владата ја почна на седница минатата недела, а треба да се утврди на седница оваа недела. Откако ќе го усвои Владата, Предлог-буџетот за 2020 година ќе биде доставен до Собранието на усвојување.

Неофицијално, предлогот буџетот за следната година ќе изнесува 4,46 милијарди евра.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе