Владата ќе одлучува за еколошката такса и за намалување на ДДВ за струјата од 18 на 5%

Владата денеска на седница треба да ги разгледа и да одлучи за двете законски решенија кои се однесуваат на најавеното намалување на ДДВ на електричната енергија и воведувањето еколошка такса на горивата. Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера изјави дека Владата ќе оди со предлогот мерките да важат од 1 јули и со очекување дека дотогаш Собранието ќе успее да ги изгласа.

„Владата треба да ги разгледа и да одлучи во однос на двете мерки. Имаме предлог за законот за ДДВ за намалување во транзиторен период, односно да се помогне на домаќинствата кога се прави либерализација на пазарот на електрична енергија. Домаќинствата ќе добијат олеснување во однос на цената на електричаната енергија преку намалување на делот на ДДВ, што е конректна мерка која директно влијае врз буџетот на домаќинствата“, рече вчера министерот Бесими одговорајќи на новинарско прашање по потпишување на договорот со ЕИБ за креидтна линија од 100 милиони евра.

Прецизира дека Владата не размислува да се повлече, но посочи дека не може да зборува во име на целиот владин кабинет, во смисла кога се носат одлуките на седница на Влада, зашто надлежноста на Министерството за финансии е само ДДВ, додека еколошката такса е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Според предлогот, ДДВ кај електричната енергија за домаќинствата од 1 јули 2021 година треба да се намали од 18 на пет отсто, потоа наредната година да биде на ниво од 10 отсто и третата година да се врати на 18 отсто. Целта е да се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија.

Додека кај еколошката такса, Бесими посочи на тоа дека се однесува на друг закон што е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање и дека тоа е за дополнителен износ на она што веќе постои во законското решение со цел да се поддржат зелени проекти, а не како претходно делот на акцизата на горивата.

„Сега не се интервенира кај акцизата, каде со последната измена има варијабилен дел кој зависи од цената на горивата на светските берзи. Сега зборуваме за еколошка такса која се регулира со закон од Министерството за животна средина и просторно планирање и тие средства ќе се користат за проекти за обновливи извори на енергија, енегетска ефикасност, како и за зелената агенда. Има разни програми кои се дефинирани во овој дел, има посебен фонд и посебна потпрограми отворена со ребалансот, но и други проекти и програми во рамки на буџетот што се за оваа намена во однос на проекти за подобра животна средина“, рече министерот.

Мерките се предвидени со ребалансот на Буџетот кој е веќе усвоен од Владата и треба да помине во Собранието. Од еколошката такса се планираат 54 милиони евра.

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе