Владата ја укина царинската стапка од 20 проценти за млеко и павлака

Денеска Владата, со цел да се намали растот на цените, донесе Одлука за времено укинување, (до 31.12.2022 година), на царинската стапка од 20 проценти за млеко и павлака.

Се укинува царинската стапка од 20 проценти за млеко и павлака некoнцентрирани и без дoдаден шеќер или други материи за засладување со содржина на маснотија по маса што надминува 21 проценти, но не надминува 45 % и царинската стапка од 15% за млеко и павлака, неконцентрирани и без додаден шеќер со содржина на маснотија по маса што надминува 10%, но не надминува 45% во амбалажа, чија нето маса не надминува 2,5 кг.

Увозот на овие тарифни ознаки од земјите на ЦЕФТА е без царина, а од земјите-членки на Европската Унија се врши со царинска стапка од 5%.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе