Владата и Југохром се договорија, комбинатот ќе продолжи да работи со А интегрирана еко дозвола

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во име на Владата на Република Македонија, управителот на Друштвото за производство, трговија и услуги Југохром Алзар, Васко Скендеровски и претседателот на синдикалната организација на Друштвото за производство, трговија и услуги Југохром Алзар, Бајрам Алити, денес го потпишаа Меморандумот за разбирање помеѓу трите засегнати страни.

Со овој Меморандум ќе се придонесе кон изнаоѓање на решение за надминување на состојбата на работењето на фабриката Југохром Алзар од Јегуновце, односно прибавување на А-интегрирана еколошка дозвола, повторно започнување со работа на фабриката, како и враќање на работниците на работа.

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека со овој Меморандум се обезбедува правна рамка, со која на инвеститорот, работниците, еколошкитe здруженија и на граѓаните во Полошкиот регион им се дава извесност и сигурност за иднината на оваа многу важна фабрика од металуршката индустрија.

„Со овој Меморандум секоја од страните се обврзува дека ќе ги заврши сопствените задачи во најкраток можен рок. На инвеститорот му е дадена сигурност дека ако ги направи планираните инвестиции, Владата ќе ги заврши сите правни процедури за да се овозоможи започнување на работата на комбинатот во најкраток можен рок. Работниците ќе се вратат на своите работни места, а со изградба на современиот систем за отпрашување, ќе се задоволат сите еколошки стандарди, со што ќе се задоволат и барањата од еколошките здруженија, но и од граѓаните на регионот“, потенцираше вицепремиерот.

Тој уверува дека додека не се заврши системот за отпрашување, фабриката нема да добие дозвола за работа.

Васко Скендеровски, управител на Југохром, објасни дека системот за отпрашување ќе биде изграден во етапи, со вкупна вредност од околу 12 милиони евра, инвестиција на сопственикот на фабриката. Првата етапа, која опфаќа инсталирање на филтри за отпрашување на блоковите 7 и 8, ќе чини околу 4,5 милиони евра и се очекува да биде завршена до април-мај 2018 година.

„Еден од најголемите проблеми со кој се соочивме и поради кој запре процесот на работа е добивањето на дозвола за градба на филтрите. Дури 18 месеци беа потребни да се добие дозволата за изградба, а рокот за изградба беше 2 години. Со овој Меморандум јасно, концизно и кратко е дадено на знаење кои се правата и обврските на секоја од страните сѐ до рестартирање на фабриката“, објасни Скендеровски.

Вработените од Југохром, моментално се водат како невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија и очекуваат дека со потпишувањето на Меморандумот за разбирање е направен еден чекор кон  решавање на проблемите на фабриката и дека вработените наскоро би се вратиле на работа.

„Синдикатот на вработените во фабриката правеше и ќе продолжи со притисоци и кон менаџментот и кон Владата, со цел работниците да се вратат на своите работни места. Очекуваме системот на отпрашување да се изгради во предвидената динамика, вработените да се вратат на своите работни места и да бидат исполнети еколошките стандарди за фабриката да почне со работа“, истакна претседателот на синдикатот на вработените во Југохром, Бајрам Алити.

Добивањето на А-интегрираната еколошка дозвола за работа е главниот услов за продолжување со произодство и работа на Југохром Алзар, и сѐ додека целиот процес за добивање на дозволата не заврши, фабриката ќе биде во мирување.

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе