На 15 октомври почнува грејната сезона

Владата и ЕСМ не дозволиле набавка на гас за топланите, ќе останат ли скопјани без парно греење?

Постои сериозен ризик повеќе од 60.000 домаќинства во следниов период да останат без можност да ги загреат своите домови бидејќи потребниот гас за производство на топлинска енергија сè уште не е нарачан. Грејната сезона официјално почнува на 15 октомври, а од БЕГ велат немаат гас, снабдувачот вели дека може да се набави ако на време се нарача и се плати, а Владата и ЕСМ засега се рамнодушни...

Ако некој за наредниот месец сака да нарача природен гас, тоа треба(ше) да се направи и да се плати максимум 30 дена претходно. Тоа досега не е направено, па веројатно на 15 октомври нема да има природен гас за да се произведе топлинска енергија. А што ако пониски температури дојдат порано?

Редовна достава на природен гас на топланите е можна, но Владата одбила да ги нарача и да ги плати потребните количини.

Долгогодишен партнер на „Макпетрол“ во земјава е „Газпром“, од каде компанијата континуирано обезбедува гас за своите потрошувачи, меѓу кои до неодамна беа и топланите за производство на топлинска енергија.

Од „Макпетрол“ велат дека неодамна испратиле допис до ЕСМ во кој се известени за тоа дека имаат можност да ги обезбедат потребните количини за сите свои клиенти, вклучително и за топланите Исток и Запад. За тоа целосно да се реализира, пак, од компанијата укажуваат дека е нужно количините за следниот месец да се платат најдоцна до 20 претходниот месец. Од ЕСМ „Макпетрол“ добил одговор дека нема да им бидат потребни наведените количини. Имајќи предвид дека рокот измина, гас за топланите засега нема. Голема е веројатноста во октомври и да нема парно греење за над 60.000 домаќинства.

Која е алтернативата за владините преговарачи кои во овој период се растрчани по соседството во обид да обезбедат поевтина електрична енергија и гас?

Владата истакнува дека „Балкан енерџи груп“ (БЕГ), од којшто ЕСМ го презема парното греење во Скопје откако компанијата ја изгуби лиценцата, е должна да обезбедува топлинска енергија за своите потрошувачи сè додека не се избере нов снабдувач.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) излезе со соопштение во кое вели дека „сè до избор на нов вршител на посочената енергетска дејност, на актуелниот вршител не му престанува обврската за обезбедување на јавна дејност“.

Овој став, сепак, го отфрлија од БЕГ изјавувајќи за медиумите дека „немаат правен основ да располагаат со топланите, немаат обврска да продолжат со вршење на дејноста во новата грејна сезона, ниту, пак, имаат финансиска можност и кредитна способност за набавка на гориво за производство на топлинска енергија“.

Сето ова значи дека на 18 дена пред почетокот на грејната сезона за 60.000 домови во Скопје неизвесно е како ќе се греат. Контрадикторните информации што се споделуваат по ова прашање во јавноста и одбивањето на Владата и ЕСМ да набават природен гас за топланите, само ја надополнуваат неизвесноста.

А.Д.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе