Владата го утврди дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2019 година

На вчерашната редовна 157 седница, Владата го утврди дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2019 година, откако текстот на предлогот за ребаланс на буџетот ја помина постапката на комисиска расправа во Собранието на Македонија во Комисијата за финансирање и буџет.

Измените и дополнувањата на Буџетот главно опфаќаат реалокација помеѓу веќе утврдените ставки во рамки на почетните проекции.

Со овие измени Владата  обезбедува средства за непречено функционирање на новоформираната Агенција за национална безбедност во износ од 99 милиони денари, обезбедување на дополнителни средства во износ од 560 милиони денари (а во првата половина на годината со реалокации се обезбедени уште 355 милиони денари) како директна поддршка во земјоделството и справување со болеста африканска чума кај свињите, средства за колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, како поддршка на напорите на централната и локалната власт за исполнување на препораките од УНЕСКО.

Се обезбедуваат и средства, 244 милиони денари, за правосудниот систем, односно судството и обвинителството, со цел јакнење на финансиската состојба и решавање на прашањето поврзано со исплатата на надоместоците на вработените во овој ресор. Предвидени се и средства за поврат на дел од данокот на додадена вредност кон физичките лица во износ од 300 милиони денари со што ќе се обезбеди дополнителен приход во секое семејство, ќе ја засили куповната моќ и позитивно ќе влијае врз зголемување на потрошувачката и на наплатата на ДДВ, и ќе влијае на намалување на даночната евазија и сивата економија.

Предвидени се дополнителни средства за набавка на лекови за ретки болести и инсулин во износ од 193 милиони денари, како и алоцирање на дополнителни средства во износ од 660 милиони денари во Фондот за здравствено осигурување со цел непречено остварување на право на здравствена заштита и боледувања. Предвиден е поголем трансфер од Буџетот на Фондот за пензиско и здравствено осигурување од 815 милиони денари кон пензиските друштва од вториот пензиски столб, согласно месечните исплати за бројот на осигуреници, што во суштина го потврдува и трендот за зголемување на вработеноста.

На вчерашната седница Владата на Македонија го задолжи Министерството за надворешни работи да стапи во контакт со надлежните владини институции на Република Албанија за да бидат разменети информации за тоа каква помош е најсоодветна да биде упатена за да се санираат последиците од неодамнешниот земјотрес во оваа наша соседна земја, се вели во соопштението на владината прес-служба.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе