Владата го усвои предлог-буџетот за 2017 година, вреден 3,3 милијарди евра

Владата на вчерашната седница го одобри предлог-буџетот за 2017 година и денеска веќе е доставен до Собранието.

Министерот за финансии, Кирил Миноски соопшти дека буџетот за 2017 година е работен врз основа на проекција за пораст на економијата од три проценти следната година.

„Вкупните приходи на консолидираниот буџет за 2017 година се планираат на ниво од 187,6 милијарди денари, што е за 7,6 проценти повеќе во однос на 2016 година. Вкупните даночни приходи се очекува да забележат пораст од 9,5 проценти во однос на 2016 година. Вкупните расходи се планирани на ниво од 206,22 милијарди денари, или за 4,5 проценти повеќе во однос на годинава“, рече Миноски.

За плати се предвидени 26,77 милијарди денари, а социјалните трансфери се проектирани на 92,7 милијарди денари. За следната година, 51,2 милијарди денари се наменети за исплата на пензии и во тие средства е пресметано предвиденото зголемување на пензиите за пет проценти почнувајќи од ноемвриската пензија, која ќе се исплати во декември 2016 година.

Според Миноски, вака планираните приходи и расходи обезбедуваат етапна консолидација на јавните финансии, односно намалување на буџетскиот дефицит на ниво од 3 проценти од домашниот бруто-производ (БДП) или, во апсолутен износ, 18,6 милијарди денари.

Предвидениот раст на извозот е 6 проценти, а на увозот 4,7 проценти. Во новиот буџет се предвидува бруто-инвестициите да остварат реален пораст од 4,5 проценти, а капиталните инвестиции се планирани во износ од 26,95 милијарди денари.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе