Мицкоски на членови на Економскиот совет на Владата им предал неколку негови лични контакти на компании и поединци за кои тврдеше дека можат да дадат поповолни понуди за енергенси за Македонија за пребродување на енергетската криза.
Владини претставници денеска информираа дека средбата со контактите на Мицкоски, тројца српски и тројца граѓани на БиХ, се одржала во Белград и било договорено да се испратат конкретни понуди.
Компанијата ПГО е регистрирана во Цирих со основна дејност трговија со нафта и нафтени деривати. Компанијата и порано нудела енергенси на македонскиот пазар.
Македонските претставници, меѓу кои бил министерот за економија Крешник Бектеши, побарале околу 230 милиони нормални метри кубни, со рокови на испорака и цена – фиксна или варијабилна.
Од ЕСМ велат дека тие во моментов ги очекуваат понудите за гас за ноември и дека досега добиле понуда само од Макптерол, а деновиве очекуваат понуди од уште 2-3 компании.
ЕСМ се надева дека ќе обезбеди гас не само за работа на скопските топлани, туку и за вклучување на процесот на работа на ТЕ-ТО. Оваа когенеративна централа во овој период не работи и неизвесно е дали ќе работи и во наредниот период.
А.Д.