Совет за соработка со и развој на граѓанското општество

„Владата да ги врати скратените 525.000 евра за поддршка на граѓанските организации“

Граѓанскoто општество ја повика Владата да ја преиспита и промени својата одлука за драстично намалување на финансиската поддршка за граѓанските организации, бидејќи, како што велат, донесена е во нетранспарентен процес, без консултација со граѓанските организации, засегнатите страни и пошироката јавност, што говори за непринципиелниот однос на Владата кон граѓанското општество во ова кризно време.

„Владата без консултации со Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор и со претставниците на граѓанското општество воопшто, како и без каква било најава во јавноста, ги намали финансиските средства за поддршка на здруженијата и фондациите предвидени со Буџетот на РСМ за 2020 година. Намалувањето е спроведено со Одлука за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите и со неа се направени следните измени:

Влада на РСМ - целосно укинување на средствата од буџетската линија за поддршка на граѓанските организации (463) во износ од 12.000.000 денари;

Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците - целосно укинување на трансферите до невладините организации во износ од 6.000.000 денари;

Министерство за економија - целосно укинување на поддршката од програма за поддршка и развој на мали и средни претпријатија во износ од 3.000.000 денари;

Министерство за труд и социјална политика - намалување од две програми (програма за деинституционализација и социјални услуги и програма за родова еднаквост) во вкупен износ од 5.000.000 денари;

Агенција за млади и спорт - намалување од две програми (програма за млади и меѓународна програма) во вкупен износ од 6.500.000 денари.

Воедно, скратена е и ставката 463 (трансфери до невладини организации) во Министерството за правда и тоа во износ од 214.000.000 денари“, пишува во соопштението од Граѓанското општество.

Оттаму додаваат дека целосно ја разбираат ситуацијата со која се соочува Владата во ова невреме на сериозна здравствена и економско-социјална криза, која неминовно бара соодветно „затегање на ременот“ и реалокација на средствата во буџетот за најприоритетни намени. Но, токму заради ова сметаат дека дека средствата наменети за граѓанските организации требало да се стават на располагање за да го поддржат граѓанското општество и напорите кои ги прави за да им помогне на граѓаните, особено на најранливите групи за да можат полесно да се справат со незавидната ситуација во која се најдоа како последица од епидемијата на ковид-19.

„Самиот факт што одлуката за вака обемно намалување на финансиската поддршка на граѓанските организации, во износ од 32.500.000 денари или приближно 525.000 евра (без планираните средства во Министерството за правда) не е комуницирана со засегнатите страни, ниту пак со пошироката јавност, говори за непринципиелниот однос на Владата кон граѓанското општество во ова невреме“, се додава во соопштението.

Оттаму ја повикуваат Владата да ја промени својата одлука и да ги врати средствата за нивната првична намена - поддршка на граѓанските организации и притоа да распише ургентни јавни повици за поддршка на активностите на граѓанските организации за справување со кризата предизвикана од епидемијата.

 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе