Влада: Ограничени трговските маржи за основните прехранбени производи од 1 март до 31 мај

Владата на денешната седница донесе Одлука за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало што ќе важат од 1 март до 31 мај годинава.

Со одлуката што е донесена на предлог на Министерството за економија се определува највисоката трговска маржа да изнесува до 5 отсто на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на мало кај лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот.

„Со оглед на информациите и анализите на терен дека трошоците на производителите на основни прехранбени производи растат, оваа одлука има за цел да се ограничат трговците да прават профит на грбот на граѓаните и на производителите. Со оваа одлука се контролира растот на цените на основните прехранбени производи да нема значајно влијание врз потрошувачката на граѓаните со оглед на тоа што од 1 март престанува да важи одлуката за замрзнати цени на основните прехранбени производи“, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека на листата на основни прехранбени производи сега се додадени и овошјето и зеленчукот, пченицата, суровото сончогледово масло и солта.

„Кај трговците на мало во вкупниот износ на трговската маржа до 10 отсто се вклучени рабатот и надоместоците кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за примарни и секундарни позиции за изложување на стоките на рафтови, односно полици“, рече Бектеши.

Доколку трговците не се придржуваат до оваа одлука, како што најави, ќе следуваат глоби.

„За прекршување на овие мерки согласно член 30 од Законот за трговија предвидени се глоба во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговец, од 1.600 до 2.000 евра за мал трговец, од 3.000 до 6.000 евра за среден трговец и од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за голем трговец“, рече Бектеши.

На оваа своја седница Владата донесе измени и дополнување на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година, со цел на сите баратели да им се овозможи еднаков третман при примањето на финансиската поддршка на месечно ниво по корисник во времетраење од 12 месеци.

Според овие промени најголем дел од вкупните буџетски средства за оваа намена ќе бидат определени за категоријата самец, со 2.767 барања, а потоа соодветно намалени за категоријата двочлено домаќинство со 2.105 барања, за тричлено домаќинство со 602 барања, за домаќинствата со четири члена со 612 барања, и за домаќинство со пет и повеќе члена за којашто стигнаа 453.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе