Вкупно 24 медали за „Тиквеш“ и „Tиквеш шато“ на трите најголеми светски вински натпревари ова лето

Врвните вина на винарската визба „Тиквеш“ и на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ на трите најголеми и најпрестижни светски вински натпревари што неодамна се одржаа во Европа и Азија освоија 24 медали, а со медал се закити и познатата тиквешка  „Лозова ракија VS“.

Најголем број награди, од кои дури шест златни, два сребрени и три бронзени медали се освоени на најголемиот вински натпревар во Кина – China Wine & Spirits 2020. На овој престижен натпревар, во конкуренција на вина од 55 земји, со златен медал се наградени: црвеното „Barovo 2017“, белото „Barovo 2019“, белото „Bela Voda 2019“, розе виното „Domaine Lepovo Rosé 2019“, како и розето „Mistral au Jardin 2019“ и црвеното „Terrasse à l’Ombre 2018“ од француската винарница на „Тиквеш“, „Château de Gourdon“.

Дополнително, на летната сесија на еден од најголемите вински натпревари што се одржуваат во Европа – Mundus Vini, во конкуренција од 11.000 вина од целиот свет, вината на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија три златни и еден сребрен медал. Конкретно, во овој натпреварувачки циклус на Mundus Vini, златни медали освоија: црвеното „Barovo 2017“, белото „Domaine Lepovo Chardonnay 2019“ и црвеното вино „Тerrasse à l’Ombre 2018“.     

Претходно, на реномираниот интернационален натпревар за вино и жестоки пијалаци (International Wine and Spirit Competition – IWSC), што се одржа во Лондон, Велика Британија, производите на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“, освоија вкупно девет медали, две сребрени и седум бронзени.

Од почетокот на оваа година и покрај ограничувањата и предизвиците што ги донесе кризата со ковид-19, вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија вкупно 50 медали на најпрестижните светски вински натпревари што се одржуваат во Франција, Германија, Велика Британија и Кина, со што винарската визба „Тиквеш“ одново го потврди успехот од минатите години, потврдувајќи и зацврстувајќи ја својата репутација на најуспешен производител на автентични вина со врвен квалитет. 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе