Mлекара Здравје

Вклучување на младите во општествени добротворни активности

По повод Светскиот ден на храната, а со цел промоција на хуманоста и зголемување на свеста од потребата за намалувањето на отпадот од храна, вчера Млекара Здравје организираше повеќе активности за вклучување на младите во општествено добротворни активности.

Во Битола, учениците од VII оддление со својата класна раководителка Сашка Делова од основното училиште „Гоце Делчев“ учествуваа во приготвувањето на храна со користење на производите на Млекара Здравје и Жито Полог во кујната на кафе ресторанот Аурум и истата ја донираа во народната кујна Утешител во Битола за лицата на кои им е потребен оброк. Во Скопје, учениците од гимназијата Нова поддржани од Млекара Здравје и Жито Полог приготвуваа оброци кои беа донирани во добротворни цели.

За промовирање на домашното производство и здравите македонски производи, а истовремено и поддршка на образовниот процес во Македонија, во Средното стручно општинско училиште „Киро Бурназ“ во Куманово, Млекара Здравје донираше свои производи на учениците кои, исто така го обележаа светскиот ден на храната под мотото „Здраво, домашно, природно“.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе