петок, 10 мај 2024

Нетанјаху: Немаме друг избор освен да го уништиме Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека се надева дека на надминување на разликите со американскиот претседател Џозеф Бајден кога е во прашање војната во Газа и дека Израел „нема друг избор освен да го уништи Хамас“, вклучувајќи ги и членовите на таа група во Рафа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Често се согласувавме, но имавме и несогласувања. Успеавме да ги надминеме. Се надевам дека ќе успееме да ги надминеме и сега, но ќе го направиме она што треба да го направиме за да ја заштитиме нашата земја“, изјави Нетанјаху во интервју за емисијата „Др. Фил Прајмтајм“, пренесува Тајмс оф Израел.

Зборувајќи за војната во Газа, Нетанјаху рече дека Израел „нема друг избор освен да го уништи Хамас“, вклучувајќи ги и членовите на таа група во градот Рафа. „Ако не ги уништиме, ако ги оставиме, тие ќе се вратат. Ќе излезат од тунелите, повторно ќе ја преземат Газа и ќе го сторат она што го ветија, ќе го прават 7 октомври, оној огромен масакр повторно и повторно и повторно“, рече Нетанјаху.

Емисијата во која беше интервјуиран Нетанјаху беше снимена во средата, пред Бајден да предупреди дека ќе ја прекине испораката на оружје за Израел доколку израелската војска започне голема инвазија на Рафа.

Вчера, како одговор на американското предупредување, Нетанјаху изјави дека Израел „ќе стои сам ако треба“.

Израел оваа недела го нападна Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци се засолнети од конфликтот во други делови во Појасот Газа, а Тел Авив рече дека се работи за „ограничена операција“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ