Витаминка на водечкиот саем за храна и пијалоци Aнуга

Витаминка повторно е дел од најголемото саемско случување, Ануга 2021, што се одржува во Келн, Германија. Компанијата изложи голем дел од својот асортиман, во групата кондиторски производи, посебно производите што се наменети за странските пазари.

Ануга е водечки светски саем за индустријата за храна и пијалoци, со уникатен концепт што за учесниците овозможува максимално деловно влијание. Претставува платформа за привлекување на сите релевантни страни од трговијата, производството и угостителството.

„Во овие неколку дена додека се одржува, Ануга претставува центар за производителите, трговците и угостителите. Никаде на друго место не се среќава глобалната прехранбена индустрија во овој обем и е најважното место коешто нуди најдобри можности за поврзување низ целиот свет. Со присуството на врвни одлучувачи, Ануга е тренд барометар за глобалната прехранбена индустрија и затоа да се биде дел од ова случување значи многу, затоа што врз искуствата, знаењата и контактите стекнати тука, се гради целата развојна стратегија на компанија, а уште повеќе е значајно за нас по минатогодишното отсуство”, вели Љупчо Велески, директор на извоз во Витаминка.

Освен кондиторскиот сектор, Ануга претставува саем на 10 различни концепти на храна, вклучувајќи леб и печива, разладена и свежа храна, кулинарски концепти, млечни производи, пијалаци, замрзната храна, топли пијалаци, месо и органски производи.

Се одржува на површина од 284.000 м2, со приближно 8.000 изложувачи од стотина земји од целиот свет. Саемската манифестација ја посетуваат во процес по 170.000 посетители од над 200 земји.

 

 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе