„Витаминка“ е национален бренд, 60 години реализира капитални инвестиции, изјави премиерот

„Витаминка" е наш национален бренд, компанија со традиција од 60 години постоење која и натаму вложува во нови вработувања, реализира капитални инвестиции, ја зголемува конкурентноста и освојува нови пазари, оцени премиерот Димитар Ковачевски по посетата на производните капацитети во Прилеп.  Генералниот извршен директор на „Витаминка" Сашо Наумоски, истакна дека успехот на компанијата, со над 700 вработени, се должи на инвестициите во човечки ресурси, на модернизација на производството и опремата.

Премиерот ја посети „Витаминка“ заедно со министерот за економија Крешник Бектеши каде остварија средба со раководството и вработените во производните капацитети.

Генералниот извршен директор на „Витаминка" Сашо Наумоски, истакна дека успехот на компанијата со над 700 вработени се должи на инвестициите во човечки ресурси, модернизација на производството и опремата.

Тој подвлече дека и во кризни години, делумно со средствата доделени како помош од Владата, успеваат да инвестираат во купување на опрема, во фотоволтаична централа за сопствено производство на струја, проширување и опремување на магацински простор, развој на нови производи и за реконструкција и надградба на систем за автоматско управување со линијата за производство на чоколада, додавајќи дека овие инвестиции влијаат врз работата на фабриката во насока на унапредување, модернизација и автоматизација на техничко-технолошките процеси.

„Оваа реномирана компанија ги користи придобивките на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, како и на владината мерка за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост - ковид периодот. По основа на оваа мерка речиси 400 компании, добија вкупна финансиска поддршка во износ од 17,2 милиони евра. 'Витаминка' е компанија која вложува во нови вработувања, реализира капитални инвестиции, ја зголемува конкурентноста и освојува нови пазари. Токму затоа и ги исполнува условите за користење на средства овозможени со Законот за финансиска поддршка за инвестициите“, рече премиерот Ковачевски и додаде дека петгодишниот инвестициски проект на „Витаминка" треба да се реализира до крајот на годината.

Досега, како што рече, се инвестирани 419 милиони денари, а согласно планот, инвестицијата ќе достигне 702 милиони денари. До овој момент исплатената државна помош изнесува 68 милиони денари.

„Со Планот за економски раст, кој е во функција токму преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции и Среднорочната програма за поддршка на микро, мали и средни компании на Фондот за иновации и технолошки развој, само во 2021 година, македонското стопанство е подржано со 48,5 милиони евра", изјави Ковачевски и потсети дека беа донесени и имплементирани шест пакети антикризни мерки, кои се проценети на вредност од околу 1,2 милијарди евра, за спас на работните места и одржување на ликвидноста на компаниите.

Ковачевски додаде дека поддршката за стопанството и граѓаните продолжува и во период на пост пандемија со пакет мерки во вредност од 400 милиони евра.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе