„Виталиа“ извезува и во Барбадос

Како резултат на стратегијата за постојано освојување нови пазари, производите на „Виталиа“ од јули ќе се извезуваат и во Барбадос.

Со ова, познатиот бренд сега ќе биде присутен на речиси 60 интернационални локации, меѓу кои се Европската Унија, Америка, Австралија, Азија, Блискиот исток, Русија, Бразил, Сејшели, Маурициус и Либан.

„Македонскиот пазар е нашата основа, од каде што почна успешната приказна на „Виталиа“, но имајќи предвид дека водечка цел ни е растот и развојот, тоа може да се постигне само доколку непрекинато се воведуваат иновации и се проширува листата на пазари на кои што сме активни. Еден од нашите најсилни мотиви е здравата храна што ние ја произведуваме да биде присутна во што поголем број земји, односно извозот е нашата главна ориентација. Токму поради тоа редовно и успешно се презентираме на меѓународни саеми, каде што потенцијалните клиенти веднаш забележуваат дека нашата палета има извонреден квалитет, врвен дизајн и е во чекор со сѐ што во оваа индустрија се случува на глобално ниво“, велат од компанијата.

Со повеќе од 300 производи поделени во над 10 категории, „Виталиа“ одлично ќе се вклопи во шареноликата кујна и животниот стил на граѓаните на оваа островска земја. За почеток, на егзотичните плажи на Атлантскиот Океан ќе бидат достапни мусли, крекери, овесни колачи, мусли во пакување за носење и овесни каши, со план оваа листа да се зголемува.

„Присуството и на овој пазар е потврда за инспирацијата во нашата работа, а тоа е да креираме што поголем број здрави и вкусни продукти и тие да станат дел од животот на луѓето, притоа, секогаш имајќи предвид дека секој човек е препознатлив на свој начин. „Виталиа“ особено внимава на индивидуалните потреби на потрошувачите и како и на пазарите на кои што досега извезуваме, убедени сме дека и во Барбадос нашите производи ќе станат дел од секојдневното мени на жителите на оваа прекрасна земја“, истакнуваат од „Виталиа“.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе