ЗА САМО 499 МЕСЕЧНА ПРЕТПЛАТА

Вип со нов пакет Вип Комбо бокс, брз интернет и фиксна линија

Вип со големо задоволство најавува збогатување на своето портфолио во фиксните услуги и го воведува пакетот Вип Комбо бокс (Vip Combo Box) со кој корисниците го добиваат најдоброто решение за пристап до брз интернет и фиксна линија дури и во најоддалечените места во Македонија.

Со новиот Вип Комбо бокс, корисниците добиваат уред кој e лесен за користење и има едноставна инсталација, уредот станува функционален со едноставно приклучување во струја.   

Дополнително со Вип Комбо бокс корисниците ја имаат можноста да изберат меѓу пакетите со две, три или четири услуги и да уживаат во неограничен интернет и неограничени разговори во фиксна и мобилна телефонија и во до 50 ТВ канали по најатрактивни цени на пазарот.

„Вип Комбо бокс е совршен избор за сите корисници кои сакаат брз интернет и фиксна телефонија за својот дом и за сите оние кои летните денови ги поминуваат во викендички, дури и за оние кои имаат потреба од брз интернет на своето работно место. Со Вип Комбо бокс интернет е достапен не само во урбаните , туку и во руралните средини, а едноставниот начин на приклучување и користење го прави овој производ уште поатрактивен. Ние во Вип секогаш им нудиме повеќе на нашите корисници, а со нашиот Vip Combo Box ги исполнуваме барањата и потребите на корисниците за слободна и неограничена комуникација по најдобра цена“, изјави Димитар Ковачевски, Извршен директор на оне.Вип.

За месечна претплата од 499 денари корисниците го добиваат Вип Комбо бокс 2 со неограничен брз интернет и можност за фиксен телефон. Со Вип Комбо бокс 3 за месечна претплата од 799 денари корисниците добиваат неограничен брз интернет, неограничени раговори кон сите фиксни национални мрежи и телевизија со до 50 ТВ канали. Со Вип Комбо бокс 4 корисниците ја добиваат можноста да искомбинираат четири услуги и да добијат дополнителен попуст!

За повеќе информации јавете се на 077 1234 или прочитајте на www.vip.mk

                                                                                        Комерцијален текст

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе