САМО СО УСЛУГАТА ЕЈЧ-БИ-О ГОУ НА ВИП

Вип: Првата епизода од најновата сезона на Игра на престолите достапна преку мобилен телефон

По светската премиера на мега-популарната серија „Игра на престолите"(Game of Thrones), Вип со големо задоволство ги известува пасионираните гледачи на оваа серија, дека првата епизода од најновата сезона можат да ја проследат каде и да се во Македонија и тоа на својот мобилен телефон или лаптоп користејќи ја услугата Ејч-би-о гоу (HBO GO).

За потсетување, услугата Ејч-би-о гоу е достапна со пакетот Ејч-би-о премиум (HBO Premium) кој ги вклучува и телевизиските канали Ејч-би-о, Ејч-би-о2 и Ејч-би-о3. Пакетот HBO Premium е достапен за сите корисници на Вип Комбо, Вип Комбо лајт , Вип ТВ и Вип ТВ лајт (Vip Комбо, Vip Комбо Lite, Vip TV и Vip TV Lite), со месечна претплата од 299 денари.

Ејч-би-о гоу е исто така достапна за активација како самостојна услуга, за следење на содржините преку интернет, за сите корисници на Вип Комбо, Вип Комбо лајт, за корисниците на други фиксни услуги, како и за Вип Постпејд корисниците (со Вип СИМ-картичка), со претплата од 249 денари/месечно.

За следење на Ејч-би-о гоу преку компјутер, потребно е корисниците да пристапат на www.hbogo.mk и да се регистрираат. За користење Ејч-би-о гоу на смартфон или таблет, потребно е да се инсталира мобилната апликација Ејч-би-о гоу од Гугл плеј стор(Google Play Store) или од Ап стор (App Store) во зависност од уредот. Откако корисникот ќе ја преземе мобилната апликација, треба да се регистрира за користење на Ејч-би-о гоу.

Повеќе информации за оваа услуга можете да добиете на www.vip.mk или со јавување во Контакт центарот на Вип на  077 1234. 

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе