Вип по повод новиот концепт на продажни салони со подарок за корисниците

Вип ја модернизира својата продажна мрежа и го објавува комплетно новиот лик на дел од своите продажни салони со целосно нов концепт на уредување и пристап на продажба. По тој повод сите посетители кои на 14 февруари, токму во овие реновирани продавници ќе активираат или обноват договор за мобилни услуги имаат можност да добијат подарок, Шаоми ми микс 2 (Xiaomi Mi Mix 2).

Новиот концепт претставува модерен и урбан простор кој овозможува поблиска комуникација на персоналот со клиентите што е во согласност со една од целите на Вип - да обезбеди што подобра услуга за своите корисници. Досега, ова ентериерно решение е имплементирано во трговските центри Сити мол(City Mall) и Веро џамво (Vero Jambo) во Скопје, Палма мол (Palma Mall) во Tетово, како и во продажниот салон во центарот на Тетово.

Уредени според светските архитектонски трендови за современи комерцијални објекти, овие продажни салони на Вип се прилагодени на потребите на корисничките навики непосредно и преку дигитални алатки да ги препознаат производите и услугите што ги бараат и на тој начин уште полесно и поедноставно да го направат вистинскиот избор за комуникација. Дополнително, за прв пат во салоните на Вип корисниците добиваат можност самите да реализираат електронско плаќање на сметка преку едноставно користење на уредот сместен на еден од најпристапните делови во просторот на салонот.

Во рамките на официјалното претставување на новиот концепт, што ќе се случи на 14 февруари, Вип подготви подарок за најсреќните посетители кои токму на овој ден на едно од овие продажни места ќе активираат или обноват договор за мобилни услуги на 24 месеци добиваат ексклузивна можност да учествуваат во извлекувањето и да добијат како подарок еден од четирите најнови смарт - телефони  Шаоми ми микс 2.

Шаоми брендот кој брзо прерасна во светски хит помеѓу производителите на смарт-телефони, со исклучителен квалитет во својата класа и одлични цени, помеѓу операторите може ексклузивно да се најде во продажните салони на Вип.

Подароците Шаоми ми микс 2 ќе бидат доделени по случаен избор, а најсреќните корисници ќе бидат објавени на Вип Фејсбук профилот, на 16 февруари.

Ентериерното освежување во продажна мрежа на Вип, која брои 31 салон низ целата земја, ќе продолжи и во наредниот период.

Повеќе информации можете да најдете на www.vip.mk  

Комерцијален текст

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе

Постојат повеќе административни и технички решенија против плагијаризам што се применуваат од издавачите и универзитетските менаџменти, а понекогаш и државните власти, како што е случајот во Македонија. 

повеќе

И не само тоа, туку квалитет на слободата. „Слободата нема никаква вредност ако во себе не ја вклучува слободата на грешките" - Махатма Ганди.

повеќе