Вип го отвори реновираниот продажен салон во Штип

Уреден по најнови светски трендови и највисоки стандарди кои се во согласност со А1 Телеком групацијата, Вип официјално го отвори реновираниот продажен салон во Штип со целосно нов концепт на уредување и интерактивен пристап на продажба чија цел е да обезбеди премиум корисничко искуство.

Продажниот салон кој останува на досегашната локација, во центарот на градот, на улица „Јосиф Ковачев” бб, на секој корисник му овозможува да биде во центарот на комуникацијата, директно да добие информации за производите и услугите и на тој начин непосредно и многу полесно да направи избор на услуги согласно своите потреби.

„Посакуваме добредојде на сите корисници кои сакаат да доживеат ново, модерно и технолошки напредно корисничко искуство. Продажниот салон е опремен со најсовремени дигитални алатки кои овозможуваат премиум корисничко искуство, во поддршка на дигиталниот начин на живеење. Со реновираниот салон на Вип, Штип доби модерно, урбано место каде сите корисници ќе се чувствуваат пријатно додека ги избираат телекомуникациските услуги кои одговараат на нивните потреби”, изјави Елена Панова, директорка на одделот за маркетинг и продажба за приватни корисници во Вип.

По повод официјалното отворање, сите посетители на продажниот салон на Вип во Штип кои ќе склучат нов или го обноват договорот за своите услуги добиваат ексклузивна можност за набавка на одредени смартфони по намалени цени во периодот од 18 јули до искористување на залихите.  

Со овој нов концепт на уредување на продажните салони, Вип уште еднаш ја покажува својата определба за постојано подобрување на продажните салони согласно современите комуникациски потреби на корисниците.

Ентериерното освежување на продажните салони на Вип ќе продолжи и во наредниот период.

 

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе