Вип e добитник на две национални признанија за најдобри општественo одговорни практики во 2018

Телекомуникациската компанија Вип е добитник на национални признанија за најдобри општествено одговорни практики за 2018 година и тоа во две категории, што ги доделува Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија на Република Македонија.

Признанието во категоријата „Однос кон заедницата”, Вип го доби за реализација на едукативна и иновативна програма под името „Интернетот не e само игра. Кликај безбедно...” наменета за учениците во четврто одделение во основните училишта. Целта на проектот е едукација на учениците за подобро и паметно користење на интернет, како да се заштитат од можни опасности при користењето на интернет и социјални мрежи, подигање на свеста на пошироката јавност (родителите) за потребата од внимателно и паметно користење на интернет како и подигање на свеста на учениците за етичко и одговорно однесување при користењето на интернет. Програмата која се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието се одвиваше со предавања во времетраење од 45 минути од страна на обучени професионалци – вработени, кои со своето познавање и експертиза преку практични примери и дискусија им ја доловуваат на децата суштината на Интернетот. 

Признанието во категоријата „Однос кон вработените кај големи претпријатија”, Вип го доби како носител на Mamforce стандардот  што претставува потврда за исправен однос кон вработените, овозможување баланс меѓу професионалниот и приватниот живот и унапредување на родовата еднаквост. MAMFORCЕ Standard претставува процес којшто се спроведува преку ревизија на компаниите во коишто се испитуваат работните услови на вработените со посебен акцент на прилагодувањето на работните услови на родителите со мали деца (работно место, работно време, дополнителни сервиси, поддршка од компанијата и колегите), можност од постепено враќање од породилното отсуство (скратено и флексибилно работно време, работа од дома, повремена работа од дома, можност за отсуство поради болест на дете), како и можност за понатамошно усовршување, напредување и родова еднаквост на највисоките управувачки позиции.

Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија на Република Македонијa објавија повик за апликации за  Национална награда за најдобри општествено одговорни практики во 2018 година во 5 различни категории.

Право на учество во изборот имаа сите претпријатија регистрирани во Република Македонија кои реализирале општествено одговорни практики или проекти во периодот од 1 јуни 2017 до 1 јуни 2018 година.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе