Нов успех за македонското вино

Виното „Темјаника“ на Попова кула освои златен медал во Јапонија

На престижното меѓународно натпреварување „Сакура авардс" (Sakura Awards) во Јапонија виното Темјаника-аристократ на винарската визба Попова кула освои златен медал. Ова е вторпат истото вино да ја освои оваа престижна награда.

Извршниот директор на винарска визба Попова кула ордан Трајков вели дека златниот медал во Јапонија е од големо значење за нив. „Ова натпреварувањето е меѓу најреномираните во светот на вината, без можност за надворешно влијание на резултатите (што често не е случај со други натпреварувања). Вториот златен медал за ова вино е потврда дека нашата определба да работиме само со грозје од нашите лозја е правилна. Микро локацијата Попова кула, по која го доби името и винарската визба, е супериорен „тероар” отсликан во квалитетот на сите наши вина”, вели Трајков.

Објавувањето на наградата токму пред празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“, делува небаре Јапонците сакаат да нѐ потсетат на нашата долга традиција, далеку поубава од маркетиншки наметнатиот (од моќни ланци на продавници во западните земји) „Свети Валентин“, додаде Трајков.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе