Министерство за животна средина

Винил хлорид мономерот од ОХИС ќе се преточи и ќе се транспортира од државата

Министерството за животна средина и простоено планирање ги демантира информациите кои деновиве беа објавени на социјалните мрежи во врска со опасноста од цистерната во која што е складиран отпаден винил хлорид мономер во кругот на поранешната фабрика ОХИС.

„На 29 јули 2020 година, Држаниот инспекторат за животна средина објави целосен извештај од извршени инспекциски надзори во правниот субјект Еко центар 97, Скопје, во врска со реализација на проектот за безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони на АД Охис – Скопје, која и МЖСПП ја сподели на своите комуникациски канали“, велат од Министерството.

Оттаму објавуваат клучни информации од Извештајот, меѓу кои и дека е обезбеден висок степен на безбедност на цистерната со инсталирање на систем за ладење кој е поставен за да се одржува температурата на цистерната согласно правилниците за чување на ваквиот вид на хемикалија во сад под притисок.

„За преточување и дислоцирање на винил хлорид мономер, Екоцентар 97, Скопје има ангажирано повеќе подизведувачи кои што заедно работат на комплетно решавање на проблемот и тоа: потпишани се договори со правен субјект-Инсенератор (печка за палење отпад) од Германија (SUEZ Sonderabfallgesellschaft mbH, Schkopau, Germany), со компанија специјализирана за преточување на ваков тип на опасен отпад од Франција (Curium S.A.S., Montagny, France), и со транспортна компанија од Бугарија која што ги има сите потребни дозволи за транспорт на опасен отпад низ земјите на ЕУ“, пишува во Извештајот.

Како што додаваат од МЖСПП, според Извештајот, планираната посета на инженерите од Curium од Франција и Италија којашто требаше да се реализира во втората седмица од март 2020 година, морала да биде одложена поради глобалната пандемија од ковид-19 вирусот со која што беше зафатена и нашата земја и затварањето на граничните премини.

„Исто така, набавени се и веќе се пристигнати 2 цистерни со специјализирана намена за складирање и транспорт на винил хлорид мономер во кои ќе се преточува отпадниот винил хлорид мономер и ќе се транспортира до крајната дестинација – Инсенераторот во Германија (SUEZ Sonderabfallgesellschaft mbH, Schkopau, Germany). Во моментов, согласно препораките добиени од страна на консултантите од нашата земја и од странство, како и од компанијата преточувач Curium S.A.S., Montagny, France во наредните 2 до 3 месеци нема да има можност да биде направено преточувањето, од безбедносен аспект поради високите температури кои се актуелни во летниот период“, информираат од Министерството.

 

 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе