Договор меѓу Министерството за земјоделство и винарските визби

Винариите ќе плаќаат 10 денари за „Смедеревка“, 12 за „Вранец“

Корекцијата на цената на грозјето за откуп стапува од вечерва, според која откупната цена за „Смедервка“ ќе изнесува 10 денари, а 12 денари за „Вранец“. На состанокот на министерот Аријанит Хоџа со претставниците на винарските визби е договорено на сите лозари кои веќе го предале грозјето по цена пониска од денеска договорената, разликата во пари винариите да им ја надоместат. Министерот потсети дека ќе продолжи дополнителната мерка од 2 денари директно за лозарите.

„Откупот ќе продолжи непречено.Министерот во договор со винариите вети дека ќе се откупи целата количина на произведено грозје и дека нема да остане ниту еден килограм неоткупен“, информира Министерството за земјоделство.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе