„Викенд на врапчето“ – едукација на најмладите за важноста на укажувачите и борбата против корупцијата

За ефективна борба против корупцијата, судирот на интересите и заштита на укажувачите, важна е едукацијата уште од најраната возраст. Тргнувајќи од оваа девиза викендов во Зоолошката градина во Скопје се одржа настан „Викенд на врапчето“. Во рамите на настанот дечињата цртаа птици - симбол на укажувачите, а воедно се информираа заедно со своите родители за значењето на темата интегритет, и важноста од заштита на укажувачите за создавање на просперитетно општество.

Содржините беа прилагодени на возраста на дечињата, за нивно полесно разбирање и усвојување, преку концептот на игра и забава. Актерката Ана Левајковиќ од Театарот за деца и младинци ги анимираше дечињата и преку разговор и игри им го доближи концептот на укажувачи и им ја пренесе пораката за важноста да се реагира и укаже на сѐ што е неправилно и штетно.

За секој цртеж дечињата добиваа карта за влез во Бејби зоолошката градина и пакет за хранење на животните.

Настанот „Викенд на врапчето“ е дел од кампањата за заштита на укажувачите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) како дел од ИПА II проектот на ЕУ „Промовирање на транспарентноста и одговорноста на јавната администрација во Северна Македонија“.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе