Антикризна мерка

Викенд без ДДВ

Почна „Викендот без ДДВ", мерката од четвртиот пакет антикризни мерки на Владата. Граѓаните за прометот што ќе го направат во овие три дена од продолжениот викенд за домашни производи и услуги и компјутери и ИТ-опрема ќе добијат целосен поврат на платениот ДДВ.

Секој граѓанин ќе добие поврат на целиот ДДВ за направен вкупен промет во овие три дена до 30.000 денари. За тоа треба да ги земе фискалните сметки, во рок од три дена од издавањето на сметката да ја скенира преку апликацијата Мој ДДВ, а парите ќе му бидат вратени во рок од 15 дена на трансакциска сметка.

Целта на оваа мерка, која претставува и почеток на реализација на четвртиот пакет антикризни мерки вредни 470 милиони евра, е да им се даде можност на граѓаните да извршат целосен поврат на данокот на додадена вредност за прометот реализиран преку фискални сметки кои ќе бидат издадени за периодот 10, 11 и 12 октомври.

Највисокиот износ за кој граѓаните би имале право на враќање на целиот износ на данок изнесува 30.000 денари вкупен промет регистриран во сите фискални сметки кои се издадени во овие денови. За прометот над 30.000 денари ќе важат воспоставените правила за поврат на 20 отсто од платениот ДДВ за домашните производи и услуги и 10 отсто за странските, а повратот ќе се врши по истекот на тримесечјето.

Проценките се дека со оваа мерка кај граѓаните ќе се слеат 17.000 милиони евра, а целта е да се поттикне прометот на домашни производи и услуги, како и заради зголемена дигитализација на нашето општество.

Засега, околу 350 000 граѓани можат да ја користат оваа мерка. Тоа е бројката на регистрирани во системот на Управата за јавни приходи за скенирање фискални сметки, но според најавите на министерот за економија Крешник Бектеши, таа бројка очекуваат да се зголеми на 400 000 граѓани.

Проекциите на Владата се дека во овој продолжен викенд со мерката ќе се направи вкупен промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните повратот ќе биде околу 17 милиони евра.
За реализација на оваа мерка вчера беа донесени законски измени од страна на Собранието на Република Северна Македонија

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе