Вицепремиерот Битиќи смета дека при вработувањето треба да доминира професионалноста и квалитетот

Вицепремиерот за економски прашања, координација со економските сектори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска го повтори својот став дека при вработувањето треба да доминираат професионалноста и квалитетот, а не етничката припадност.

„Се залагам за конкурентна економија, а во конкурентната економија нема место освен за компетентноста и професионалноста на луѓето“, рече Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања околу најавите на вицепремиерот Артан Груби за вработување по етничка основа во приватниот сектор.

Битиќи рече дека како Влада се отворени за секоја афирмативна мерка која ќе го подобри животот на граѓаните, но ако за неа, има постигнато општествен консензус. 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе