Агенција за храна и ветеринарство

Веледрогериите бесплатно ќе ги добиваат одобренијата за анестетици за домашни миленици

Поедноставување на процедурите за добивање одобренија за лекови кои се користат во ветеринарството, поевтинување на постапката за одобрување на лековите за ретки болести и ретки животни, како и поголема контрола на употребата на лековите кај животните за да се заштитат луѓето, предвидуваат предложените измените на Законот за ветеринарно-медицински препарати подготвени од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Измените на законот предвидуваат и воспоставување на национален центар за информирање од каде што ќе можат да се добијат податоци за тоа кој лек на кое животно и во која фарма е користен.

„Со тоа ќе се стави ред посебно кај користењето на антибиотиците, сѐ со цел да се намалат лошите последици врз здравјето на луѓето“, рече Зоран Атанасов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Според него, имените на Законот за ветеринарно-медицински препарати треба да придонесат за подобрување на деловната клима за работа на ветеринарните лекари, но и поголема безбедност на потрошувачите.

„Административната постапка за добивање одобрение за некој лек од 240 дена сега се сведува на еден месец. Со воспоставувањето на Националниот информативен систем ќе имаме повеќе информации за тоа кои лекови се дозволени, кои се користат и кои од лековите се во недостиг. Тоа ќе овозможи да преземеме соодветни мерки“, рече Атанасов.

Според Блажо Јаневски, раководител на Секторот за стручна поддршка во АХВ, со измените ќе се засилат и контролите за да се спречи можен увоз и продажба на фалсификувани лекови во ветеринарството.

„Со ова ќе се исклучи можноста вакви лекови да се најдат на македонскиот пазар“, рече Јаневски.

Тој информира и дека законски се решава и прашањето за набавка на лекови за ретки болести и ретки животни кои досега веледрогериите немаа интерес да ги увезуваат.

„Сега ги ослободуваме од сите административни трошоци, а со тоа веруваме ќе ги поттикнеме веледрогериите да набавуваат и лекови за ретки болести кај животните“, додаде тој.

Предложените измени на законот за ветеринарно-медицински препарати, како што беше речено на денешната прес конференција во Стопанската комора, е донесен во соработка со Ветеринарната комора и Стопанската комора на Македонија.

 

 

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе

А кои се играчите на игрите на среќа? Во огромен број тоа се токму оние лица со просечни примања и пензионери

повеќе