Вечер завршува рокот за аплицирање за земјоделски субвенции

Вечер на полноќ завршува рокот за поднесување барања за субвенции за растително производство (поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади), за сточарско производство (одгледувачи на говеда, овци, кози, пчели свињи), како и за заклани животни во кланица од годинашната Програма за директна поддршка.

До вчера претпладне, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, вкупно 60.350 земјоделци поднеле барања за субвенции.

МЗШВ истовремено апелира земјоделците да го запазат рокот за поднесување барања за да се продолжи постапката за обработка на решенијата за исплата на субвенциите.

Според информациите од подрачните единици, се очекува до крајот на рокот вечерва, бројот на апликанти да се зголеми.

„Сите земјоделци кои сакаат да ги поднесат своите барања можат да го сторат тоа самостојно, по електорнски пат преку регистрирање во системот на веб страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, заклучно со денешниот ден (петок) до 00:00 часот“, велат од Министерството.

Оние земјоделци кои не можат електронски да поднесат барања или имаат потреба од помош, можат да се обратат во подрачните единици на Министерството. Доколку им е потребна дополнителна помош, може да се јават и телефонски, на контакт-броевите истакнати на веб страницата на МЗШВ.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе